Наполи го заврши трансферот на италијански репрезентативец

174

Италијанскиот репрезентативец Џакомо Распадори практично е нов фудбалер на Наполи, информира трансферниот експерд Алфредо Педула. Се уште има неколку ситни детали кои треба да ги решат двата клуба, но Сасуоло ја прифатил понудата на Наполи и му дозволил на напаѓачот да го комплетира трансферот на „Диего Марадона“ кој најверојатно ќе се случи во текот на денешниот ден.

Играчот ќе потпише петгодишен договор за плата од 2,5 милиони евра по сезона.
Трансферот ќе изнесува околу 30 милиони евра плус бонуси, а од друга страна Сасуоло веќе најде негова замена и ќе го донесе 23-годишниот Андреа Пинамонти од Интер. Овој фудбалер игра епизодна улога во Интер, минатата сезона играше како позајмен во Емполи (36 настапи – 13 гола). Пинамонти е поранешен младински репрезентативец на Италија.

ПретходноМладиот англиски репрезентативец побара да си оди од Челзи
СледноСедлоски: Мораме агресивно, мора да победиме со два разлика