Голманот и капитен на Шкупи, Кристијан Наумовски, на прес-конференцијата пред дуелот со Шамрок во реваншот од 3. коло во квалификациите за ЛЕ вели:
„Голот во последна секунда во Даблин не доведе до оваа состојба да бркаме негатива од два разлика. Не заслуживме пораз во Ирска, а никако со два разлика… Сега играме дома и ако играме како во второто полувреме во Даблин ќе можеме да одиме понатаму. Можам да ветам од сите играчи на теренот и сите кои сме во клубот дека ќе го дадеме срцето на терен“.










