Фуриозен старт на кадетите: Македонија ја демолира Турција!

322

Македонската кадетска репрезентација го убедлива победа го отвори ЕХФ Шампионатот во Рига. Избраниците на Раде Стојановиќ на стартот ги одмерија силите со Турција, ја совладаа со 34-19 (15-10).

Лидер беше Александар Петковски со 10 гола, зад него беше Узунчев 6 со и Димковски со пет.

Победникот на оваа средба беше решен после едно полувреме. Противникот само еднаш поведе на стартот (0-1) и успеа да дојде до едно израмнување (5-5). По овој момент, нашите момци ја превземаа контролата на мечот, со серија од 7-1 поведоа со плус шест (12-6), на одморот заминаа со позитива од пет гола 10-15.

Ниту по одморот не се промени ништо, Македонија го задржа истиот ритам, без проблем ја полнеше мрежата на противникот, па брзо стигна и до двоцифрени 24-14 на средината на второто полувреме. До крајот на „црвено-жолтите“ им преостана рутинската задача, која ја спроведоа без проблем, бидејќи во последните десет минути водството го зголемија на 29-16.

Кадетите немаат многу време за одмор, веќе утре во 13 часот ќе ги одмерат силите со Косово.

ПретходноБадијала желбите на Барса: Меси не сака да се врати на “Камп Ноу“, причината е Левандовски!
СледноСтивен Бредли: Имаме добра предност, но не се сомневам дека утре Шкупи ќе биде многу опасен!