Ќе почека на дебито: Џани вечерва нема да го гледаме во дресот на Фенер на првиот првенствен меч!

356

Вечерва Фенербахче ќе го одигра својот прв натпревар во новата сезона во елитната лига на Турција. Противник е Умраниеспор, но за жал Езџјан Алиоски нема да го гледаме како дебитира во дресот на турскиот гигант. Него го нема во протоколот за овој натпревар, ни како резерва.

Имено Џани ќе почека на дебито, како што и се најавуваше, па така останува некоја друга можност за нашиот репрезентативец кој минатата недела пристигна во Фенер, да ги искаже сите свои квалитети пред фановите на „Улкер стадионот“ во Истанбул.

ПретходноНеверојатно: Ц. Звезда е 14-ти најуспешен клуб во историјата на УЕФА, пред Ливерпул…
СледноБадијала желбите на Барса: Меси не сака да се врати на “Камп Ноу“, причината е Левандовски!