Вулверхемптон за 32 милиони го носи Гонсало Гуедеш

182

Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон ќе добие одлично засилување во продолжение на новата сезона. „Волците“ успеале да се договорат со Валенсија за трансфер на напаѓачот Гонсало Гуедеш со што англискиот клуб го продолжува трендот на доведување на португалски играчи во Премиер лигата.
Гуедеш се сели во Вулфс за 32 милиони евра плус бонуси, а напаѓачот во текот на денешниот ден треба да пристигне во Англија и да го стави потписот. За него се интересираше и Арсенал но „топчиите“ не успеаа да се договорат со Валенсија.

ПретходноКириос за неколку часа освои два трофеја во Вашингтон
СледноСоиграч на Пандев од Џенова може да заигра за Академија Пандев!