Ерлинг Халанд просто блескаше на своето деби во Премиерлигата во дресот на Манчестер Сити на вчерашниот меч. Два гола, одлична игра и сега сите се задоволни во таборот на „граѓаните“, а посебно стратегот Пеп Гвардиола, кој не го криеше своето воодушевување.
„Искрено сеуште не го познавам толку добро Ерлинг, па тој кај нас е само неколку недели. Секако дека е потребно време да видим како ќе реагира во различни ситуации. Од друга страна знам како реагираше по критиките по мечот со Лверпул во Комјунити шилд. Беше мирен и напорно работеше. Ми се допадна неговата решителност како тоа ја зеде топката пред да го шутира пеналот. Да отидеше некој од нашите играчи со цел да му земе топката мислам дека ќе добиеше тупаница в лице. Сето ова покажува дека тој има големо самодоверба, тоа ми се допаѓа кај играчите“ рече покрај другото Пеп.










