Калмар и покажа на Шкендија како треба со АИК!

2076

Силниот состав на АИК, кој во четврток ќе и гостува на Шкендија во реваншот од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции, има и тоа како слабости во својата игра. Имено вчера во меч од 17.коло во елитната лига на Шведска, ривалот на тетовци беше поразен од просечниот тим на Калмар со 1:0. Вистина е дека АИК играше како гостин, но вистина е дека АИК играше со својот најсилен состав, стручниот штаб не експериментираше ништо иако во четврток го чека пекол во Скопје на гости кај нашиот евро – претставник.

Значи Калмар и покажа на Шкендија како треба со АИК. Победничкиот гол падна во 54.минута и тоа од пенал.

Уф, прекрасно ќе биде и Шкендија да го победи тимот од Шведска со тој резултат. Да потсетиме дека на првиот меч на “Френдс Арената“ во Скопје, АИК и Шкедија одиграа 1:1.

Инаку дознаваме дека целиот стручен штаб на Шкендија, на чело со стратегот Артим Шаќири, со големо внимание вчера го следеле мечот меѓу Калмар и АИК.

ПретходноПораз за крај, Македонија заврши на 12. место на Мундијалот! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноСавевски: Имавме голема желба да бидеме во Топ 8! Ракометарките плачеа, тие се моите борци!