Соиграч на Пандев од Џенова може да заигра за Академија Пандев!

1607

Академија Пандев може да добие нов фудбалер во продолжение на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. „Пандевци“ го загубија мечот од првото коло во новата сезона на домашен терен од Брегалница (1:2), а на трибините присуствуваа Горан Пандев но и неговиот поранешен соиграч од Џенова Никола Нинковиќ.

На српскиот офанзивец му се бендисала Струмица и условите во клубот, освен тоа е слободен фудбалер и постојат шанси да заигра за „пандевци“. Нинковиќ е дете на Партизан, а во 2016 година премина во Џенова. Играше и за Емполи и Асколи, а минатата сезона ја помина во Пролетер од Нови Сад.
Тој е поранешен младински репрезентативец на Србија.

ПретходноВулверхемптон за 32 милиони го носи Гонсало Гуедеш
СледноСимиќ да не се повтори, КФСМ добро очи да отвори!