Македонската кадетска репрезентација го убедлива победа го отвори ЕХФ Шампионатот во Рига. Избраниците на Раде Стојановиќ на стартот ги одмерија силите со Турција, ја совладаа со 34-19 (15-10).
Лидер беше Александар Петковски со 10 гола, зад него беше Узунчев 6 со и Димковски со пет.
Победникот на оваа средба беше решен после едно полувреме. Противникот само еднаш поведе на стартот (0-1) и успеа да дојде до едно израмнување (5-5). По овој момент, нашите момци ја превземаа контролата на мечот, со серија од 7-1 поведоа со плус шест (12-6), на одморот заминаа со позитива од пет гола 10-15.
Ниту по одморот не се промени ништо, Македонија го задржа истиот ритам, без проблем ја полнеше мрежата на противникот, па брзо стигна и до двоцифрени 24-14 на средината на второто полувреме. До крајот на „црвено-жолтите“ им преостана рутинската задача, која ја спроведоа без проблем, бидејќи во последните десет минути водството го зголемија на 29-16.
Кадетите немаат многу време за одмор, веќе утре во 13 часот ќе ги одмерат силите со Косово.










