Вечерва Фенербахче ќе го одигра својот прв натпревар во новата сезона во елитната лига на Турција. Противник е Умраниеспор, но за жал Езџјан Алиоски нема да го гледаме како дебитира во дресот на турскиот гигант. Него го нема во протоколот за овој натпревар, ни како резерва.
Имено Џани ќе почека на дебито, како што и се најавуваше, па така останува некоја друга можност за нашиот репрезентативец кој минатата недела пристигна во Фенер, да ги искаже сите свои квалитети пред фановите на „Улкер стадионот“ во Истанбул.










