Гвардиола: Ако некој се обиде да му ја земе топката на Халанд од пенал ќе добие тупаница в лице!

887

Ерлинг Халанд просто блескаше на своето деби во Премиерлигата во дресот на Манчестер Сити на вчерашниот меч. Два гола, одлична игра и сега сите се задоволни во таборот на „граѓаните“, а посебно стратегот Пеп Гвардиола, кој не го криеше своето воодушевување.

Искрено сеуште не го познавам толку добро Ерлинг, па тој кај нас е само неколку недели. Секако дека е потребно време да видим како ќе реагира во различни ситуации. Од друга страна знам како реагираше по критиките по мечот со Лверпул во Комјунити шилд. Беше мирен и напорно работеше. Ми се допадна неговата решителност како тоа ја зеде топката пред да го шутира пеналот. Да отидеше некој од нашите играчи со цел да му земе топката мислам дека ќе добиеше тупаница в лице. Сето ова покажува дека тој има големо самодоверба, тоа ми се допаѓа кај играчите“ рече покрај другото Пеп.

ПретходноСтивен Бредли: Имаме добра предност, но не се сомневам дека утре Шкупи ќе биде многу опасен!
СледноМурињо покажа дека е голем човек: Најважни се насмевките на децата од Украина!