Откако пред само неколку дена шпанскиот првоилигаш Елче потврди дека за 3 милиони евра го купува напаѓачот на Леванте, Роџер Марти, денеска од Шпанија стигнува и информација дека Елче испратил официјална понуда до Леванте и за нашиот репрезентативец Енис Барди.
Барди пред извесно време имаше одлична понуда од МЛС тимот ДЦ Јунајтед која ја одби, па сега останува да ја разгледа понудата од Елче која може да го продолжи неговиот престој во Шпанија и тоа во Ла Лига.










