Младиот напаѓач на Челзи Калум Хадсон Одои побарал трансфер во друг клуб во кој ќе има поголема минутажа. Јасно е дека 21-годишниот фудбалер и новиот англиски репрезентативец има лимитиран број на настапи, па тој одлучил да си ја побара среќата во друг клуб и доставил барање за да му биде овозможена позајмица во друг клуб, информираат англиските медиуми.
За фудбалерот кој има три настапи за Англија наводно се интересираат Јувентус и Борусија Дортмунд, но и два премиерлигашки клубови – Саутемптон и Лестер Сити. Засега во најдобра позиција е Саутемптон кој може да му го понуди она што го сака фудбалерот.
Хадсон Одои во сезоните 2019/20 и 2020/21 имаше преку 20 настапи за Челзи во Премиер лигата, а преку 30 ако се бројат сите натпреварувања. Минатата сезона Тухел му даде шанса на само 15 натпревари во Премиер лигата, а младиот фудбалер не беше во тимот на првиот меч оваа сезона против Евертон.










