Со верба во своите квалитети, со максимална желба за одмазда и со желба да се докаже дека тие 1:3 од Даблин беа само еден лош момент,вечерва Шкупи на Арената “Тодор Проески“ го одржа последниот тренинг пред утрешниот реванш меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Европа.
Јасно е, Шамрок Роверс мора да падне и тоа најмалку со два гола разлика. Утре шампионот мора да биде паметен, мора да напаѓа, но исто така не смее безглаво да јуриша.
Тактиката е готова,играчите знаат што треба да сторат, а кога и фановите ќе ја дадат поддршката од трибините на Арената, е тогаш се е можно.
















