Каков шок за спортската јавноста во Србија. Имено Милош Теодосиќ, капитенот на репрезентацијата на Србија и еден од најдобрите, ако не и најдобар плејмејкер во Европа, нема да настапи на претстојното ЕП.
Ова е одлука на селекторот Светислав Пешиќ, кој веќе го запознал самиот кошаркар дека не смета на неговите услуги прво на претстојните пријателски мечеви, а потоа и за самото ЕП.
Не се знае точно за што станува збор, а засега од Кошаркаската федерација на Србија нема коментар на овој потег на селекторот Пешиќ.










