Јунајтед му е омилена муштерија: „Не знам зошто, но редовно им давам голови!“

373

Фудбалерите на Брајтон го совладаа Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, а двоен стрелец во историската победа на „галебите“ во Манчестер беше Паскал Грос. На германскиот играч од средниот ред од некоја причина му оди против Јунајтед. Од 2017 година игра во Премиер лигата и постигна 19 голови од кои 6 му се против „Црвените ѓаволи“, двојно повеќе отколку против било која друга екипа во најсилната англиска лига .
Не можеме да бараме повеќе од ова. Три бода на гостувањето против Манчестер Јунајтед е нешто неверојатно. Ова е голема победа за нас. Би сакал да постигнувам повеќе голови против други екипи, но редовно ги постигнувам против Манчестер Јунајтед. Не знам зошто е тоа така“, рече Грос за „Скај“.

Тоа значи дека 32% од вкупниот број на голови во Премиер лигата 31-годишниот фудбалер ги постигнал против Манчестер Јунајтед.

ПретходноСимиќ да не се повтори, КФСМ добро очи да отвори!
Следно“Бомба“ од Струмица: Американци со Маурицио Ганц како тренер ќе ја менаџираат А. Пандев!!!