Бранителот наиде на силен отпор: Аплаузите за Алкалоид, победата за Вардар

565

Одлична игра на новиот супер-лигаш, Алкалоид на првиот меч на меѓународниот турнир во Струга. Кирил Лазаров одлично ги подготвил своите ракометари, против бранителот на трофејот Вардар беа рамноправен противник во текот на целиот меч. „Црвено-црните“ се спасуваа во финишот, на крајот славеа со минимални 24-22.

Голманите на двата тима беа одлично, Томовски запиша 15 одбрани, Трајкоски 14. Талески со седум гола беше прв стрелец на мечот, на другата страна Митев и Стојковиќ имаа по четири погодоци.

Интересно прво полувреме одиграа двата тима. Актуелниот македонски првак наиде на силен отпор, иако по првите 16 минути се чинеше дека ќе дојде лесно до победата. Искусните „вардарци“ поведоа со 10-5, но следеше одговор по тајм-аутот на Лазаров. Неговите момци дојдоа на минус еден (11-10). Молкот во Вардар го прекина голманот Томовски за 12-10 на одморот. Репрезентативниот голман имаше осум одбрани, на другата Трајкоски имаше исто толку интеревенции.

Алкалоид по само три минути игра во вториот дел поведе со 12-13, два гола беа дело на Митев. Практично со овие два погодоци, избраниците на Кирил Лазаров направија серија од 8-2. Недановски повика тајм-аут, Талески , Столе и Моралес го вратија водството 15-13, беше во 37 минута.

Ракометарите на Алкалоид продолжиjа со храбрата игра, одново изедначија, Маркоски врати за 17-17 благодарение на Трајковски. Мечот влезе во игра гол за гол. Томовски, најдобриот кај Вардар, со нов гол зголеми на 21-19 на девет минути до крајот. Некако, „црвено-црните“ најдоа начин како да ја чуваат минималната предност. Последниот обид, Алкалоид го направи на две и пол минути до крајот, Маркоски намали на 23-22, имаше шанса за израмнување, не искористи две шанси. Ова беше доволно за Вардар, на крајот славеше со 24-22, печат на мечот стави Стоилов.

ПретходноЛШ: Адеми и Стефан стартери за Динамо (З), Барди почнува од клупата на Трабзонспор
СледноКадетите поразени и од Турција, Македонија ќе се бори за опстанок!