ЛШ: Адеми и Стефан стартери за Динамо (З), Барди почнува од клупата на Трабзонспор

201

На помалку од еден час до почетокот на првите плеј-оф натпревари од Лигата на шампионите за влез во групната фаза, стигнаа и официјалните избори на тренерите за играчите со кои ќе ги почнат вечерашните дуели.

Динамо (З) на гостувањето во Норвешка против Бодо Глимт тргнува со двете македонски репрезентативни ѕвезди, капитенот Аријан Адеми и Стефан Ристовски. И двајцата се во стартниот тим на тренерот Чачиќ.

Новото засилување за турски Трабзонспор, Енис Барди, по само неколку дена престој во новиот тим допатува во Копенхаген на вечерашниот меч со данскиот првак и дуелот од плеј-офот ќе го почне од клупата. Останува да се види дали барди ќе добие шанса во текот на мечот.

ПретходноЕрдон Даци по операцијата испрати силна порака
СледноБранителот наиде на силен отпор: Аплаузите за Алкалоид, победата за Вардар