ВМФЛ: Вардар победи, триумфи на Гостивар и Арсими, Детонит убедлив со Тетекс …

1394

Завршија сите мечеви од 2.коло во ВМФЛ. На “Борис Трајковски“ во Скопје, Вардар со головите на Христов и Јусуфи ја оправда улогата на фаворит на мечот со Охрид и успеа да дојде до втората победа сезонава.

Гостивар победи со Саса, но само со 1:0 и многу потешко од очекувањата. Победничкиот гол беше дело на Рамадани и тоа во 84.минута, и тоа со шут со глава. Треба да се каже дека гостите пред тој гол имаа шанси за гол, а во 95.минута можеа барем да дојдат до бод.

Деетонит Плачковица како гостин успеа да слави над Тетекс со 1:3 и тоа со двата гола на Радески и еден на Димоски.

Пелистер дома одигра без голови против тимот на Беса, се разбира дека ова е кикс на битолчани кои важеа за глем фаворит пред натпреварот.

Составот на Арсими, предводен од тренерот Бујар Ислами успеа со 1:2 да слави на гостувањето кај Кожуф. Уште еден кикс на гевгеличани под водство на стратегот Ѓоре Јовановски.

Беласица со високи и убедливи 5:0 успеа да го победи слабиот тим на Борец.

Воска со 3:0 беше подобра од Пехчево.

Во Виница, каде играа Слога и Караорман немаше голови, мечот заврши 0:0.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 2.КОЛО

Пелистер – Беса 0:0

Гостивар – Каменица Саса 1:0

Воска – Пехчево 3:0

Слога (В) – Караорман 0:0

Беласица – Борец 5:0

Тетекс – Детонит Плачковица 1:3

Вардар – Охрид 2:0

Кожуф – Арсими 1:2

ПретходноПМФЛ: Многу борба во Кратово, по бод за Силекс и “пандевци“!
СледноНеверојатно: Ливерпул “броеше“ до девет, хет-трик на Халанд за магичен пресврт на Сити! (ВИДЕО)