ПМФЛ: Многу борба во Кратово, по бод за Силекс и “пандевци“!

343

Без победник во Кратово на мечот меѓу Силекс и А. Пандев, меч од 4.коло во ПМФЛ. Крајниот резултат е 1:1, резултат кој беше и на полувремето.

Струмичани во првиот дел беа подобри, имаа повеќе шанси, но Силекс поведе со голот на Обадовиќ во 37.минута, откако Јанкулов шутираше а Јовановски ја одби таа топка до напаѓачот на кратовци, на кого не му беше тешко да го погоди голот. Тоа беше казна за гостите.

Но во 43.минута гостите израмнија и тоа со прекрасниот гол на Велиновски кој шутираше од далечина. Да кажеме дека неколку минути претходно тој од речиси истата позицијата ја погоди стативата на Силекс.

Во вториот дел домашните се разиграа, беа поблиску до втор гол и победа, посебно по големите шанси на Обадовиќ во 70.минута и на Масевски во 90.минута.

ПретходноСајнц прв во квалификациите по казната на Верстапен
СледноВМФЛ: Вардар победи, триумфи на Гостивар и Арсими, Детонит убедлив со Тетекс …