Пелистер 2 само лесен тренинг за ГРК Охрид

0
ФОТО:.facebook.com/hcohrid

Уште едно очекувано сценарио во Супер-лигата. ГРК Охрид ја оправда улогата против младиот тим на Еурофарм Пелистер 2, откако на домашен терен го совлада со 35-19 во последниот меч од осмото коло.

Зечевиќ со шест гола беше прв стрелец кај победникот, на другата страна Симоновски запиша шест погодоци.

Победникот на оваа средба беше решен после првото полувреме, охриѓани имаа убедлива предност од 21-9. Домашниот тим мечот го отвори со 8-3, и од овој момент полека, но сигурно ја градеше убедливата разлика.

Сликата не се промени ниту во второто полувреме, избраниците на Борис Ројевиќ рутински го приведоа мечот во своја корист.

За ГРК Охрид ова е шеста победа, има едно реми и еден пораз, скор со кој се наоѓа на четвртото место на табелата зад Алкалоид, Пелистер и лидерот Вардар.

ПретходноНавивачка „војна“ во Германија: Забетонирана вратата на гостинската трибина (ВИДЕО)