Навивачка „војна“ во Германија: Забетонирана вратата на гостинската трибина (ВИДЕО)

82

Во рамките од второто коло од националниот Куп на Германија се среќаваат екипите на Рот Вајс Есен и Ред Бул Лајпциг. Домашните навивачи во моментов се покажаа како инвентивни и го забетонираа влезот на трибината каде што треба да се сместат гостите, односно навивачите на Ред Бул. Со пораката, „Биковите мора да останат надвор“, домаќините покажаа што мислат за гостите.

Се очекува да пристигнат околу 500 навивачи од Лајпциг, а домаќините секако веднаш ангажираа градежни работници за да го одстранат проблемот и да биде се во најдобар ред.

Засега од Германија не јавуваат за приведени лица.

ПретходноАргентинците не ги признаваат резултатите за “Златната топка“: За нас Меси секогаш е најдобриот
СледноПелистер 2 само лесен тренинг за ГРК Охрид