Завршија сите мечеви од 2.коло во ВМФЛ. На “Борис Трајковски“ во Скопје, Вардар со головите на Христов и Јусуфи ја оправда улогата на фаворит на мечот со Охрид и успеа да дојде до втората победа сезонава.
Гостивар победи со Саса, но само со 1:0 и многу потешко од очекувањата. Победничкиот гол беше дело на Рамадани и тоа во 84.минута, и тоа со шут со глава. Треба да се каже дека гостите пред тој гол имаа шанси за гол, а во 95.минута можеа барем да дојдат до бод.
Деетонит Плачковица како гостин успеа да слави над Тетекс со 1:3 и тоа со двата гола на Радески и еден на Димоски.
Пелистер дома одигра без голови против тимот на Беса, се разбира дека ова е кикс на битолчани кои важеа за глем фаворит пред натпреварот.
Составот на Арсими, предводен од тренерот Бујар Ислами успеа со 1:2 да слави на гостувањето кај Кожуф. Уште еден кикс на гевгеличани под водство на стратегот Ѓоре Јовановски.
Беласица со високи и убедливи 5:0 успеа да го победи слабиот тим на Борец.
Воска со 3:0 беше подобра од Пехчево.
Во Виница, каде играа Слога и Караорман немаше голови, мечот заврши 0:0.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 2.КОЛО
Пелистер – Беса 0:0
Гостивар – Каменица Саса 1:0
Воска – Пехчево 3:0
Слога (В) – Караорман 0:0
Беласица – Борец 5:0
Тетекс – Детонит Плачковица 1:3
Вардар – Охрид 2:0
Кожуф – Арсими 1:2