Сајнц прв во квалификациите по казната на Верстапен

66

Карлос Сајнц од Ферари ќе стартува од првата позиција на утрешната трка на популарната „Спа“ на Гран При Белгија. Возачот на Ред Бул Макс Верстапен оствари најдобро време во квалификациите меѓутоа поради казна за неправилно излегување од боксот ќе падне во долниот дел од гридот, а тоа значи дека второпласираниот Сајнц се качува на првата позиција.

Од второто место ќе стартува Серхио Перез од Ред Бул, од третото Шарл Леклер од Ферари. Четвртото и петтото место ги заземаа Естебан Окон и Фернандо Алонсо (двајцата од Аплин Рејсинг).

Луис Хамилтон е дури шести, Себастијан Фетел е на 15-тото место…

ПретходноУнион Берлин го “торпедираше“ Шалке, убедлив и Леверкузен! (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Многу борба во Кратово, по бод за Силекс и “пандевци“!