Втора фајнл-фор завршница без Вардар, Е.Пелистер ја брани македонската чест!

92

Денеска и официјално стартува 11. издание на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Регионалното натпреварување минатата сезона не се доигра поради воената агресира на Русија врз Украина, а по долга пауза, челниците одлучија да направат скратен формат за пласман меѓу четирите најдобри екипи и да се одржи завршницата во Задар.

Втора година по ред, Вардар 1961 не се најде на Ф4, претпоследната сезона поради сомнителни причини, па местото му беше доделено на ППД Загреб, додека сега по пенали на домашен терен беше елиминиран од Нексе.

Сепак македонската чест има кој да ја брани. Е.Пелистер за првпат ќе се натпреварување на фајнл-форот во СЕХА-лига. Битолчани преку Мешков Брест стигнаа до полуфинале, а таму за противник ќе го имаат далеку посилниот состав на Веспрем, мечот е закажан со почеток во 20:30 часот.

Ракометарите на Е.Пелистер ја прифаќаат атусајдерската улога, но немаат намера да излезат со бело знаме. На своите навивачи им ветија дека нема да ги разочараат, ќе се обидат да приредат изненадување и да направат уште еден историски чекор.

Во втората полуфинална двоја силите ќе ги одмерат ППД Загреб и Нексе, дуелот е закажан со почеток во 18 часот.

ВЕСПРЕМ ПО РЕКОРДОТ НА ВАРДАР

Кога сме кај историјата на ова натпреварување, Вардар 1961 е најтрофеен тим, има пет титули, една повеќе од Веспрем, кој ќе има шанса да се изедначи со актуелниот македонски првак. ППД Загреб кој има учествувано на сите Ф4 завршница освои само еден пехар.

ПретходноСестрите Вилијамс го одиграа својот заеднички последен меч!
СледноФилип Кузмановски надвор од терените три до четири недели!