Откако вчера стигна изненадувачката вест за враќање на Гоце Седлоски на клупата на Шкупи, денеска чаирчани полека го комплетираат и стручниот штаб кој ќе работи со шампионот во продолжението на сезоната.
Прв помошник на Седлоски по неговото враќање на Чаир ќе му биде Арбен Нухиу. Некогашниот македонски репрезентативец ќе се обиде заедно со Седлоски да ја стабилизираат екипата по кризниот период во кој западна и да го врати на победнички патеки шампионскиот состав од минатата сезона.
Седлоски денеска треба да се врати на тренинзите на Шкупи.