Барселона ќе го тужи Атлетико (М) поради ситуацијата со Антоан Гризман, овјавија шпанските весници.
Каталонскиот клуб подготвува тужба и ќе инсистира на итна исплата на 40 милиони евра. Барселона смета дека напаѓачот веќе е полноправен играч во Атлетико Мадрид.
Напаѓачот игра за Атлетико Мадрид како позајмен од Барса. Од Мадридскиот клуб ќе се бара да го купи Французинот за 40 милиони евра доколку играчот помине најмалку 45 минути на теренот во 50% од натпреварите во двете сезони. На пет натпревари по ред оваа сезона, Антоан влезе како замена по 60-тата минута.
Претходно беше објавено дека Атлетико во моменталната ситуација не дозволува законски прекршувања. Агентот на 31-годишниот фудбалер ќе и понуди на Барселона помал откуп. Клубот од Мадрид ќе продолжи да го става напаѓачот во игра само во второто полувреме се додека Барса не се согласи на намалување на сумата на откуп.










