„Тутоспорт“: Станковиќ ќе биде наследникот на Инзаги на клупата на Интер

247

Според пишувањата на италијанските медиуми, довчерашниот тренер на белградска Црвен Звезда, Дејан Станковиќ, наскоро би можел да го преземе Интер, кој не ја започна најдобро новата сезона, откако претрпе три порази во дерби натпреварите (Лацио, Милан и Барселона).

Управата на „нероаѕурите“ веќе одржала итен состанок на кој на Симоне Инзаги му било кажано дека е „на тенок мраз“. За Инзаги следните три натпревари (Торино, В. Плзаењ и Удинезе) се клучни и дека неговата натамошна работата на клупата на Интер зависи од резултатите што ќе ги оствари.

Италијанскиот весник „Тутоспорт“ пренесува дека преставници на Интер веќе се во контакт со Дејан Станковиќ, кој би можел да го замени Инзаги доколку до репрезентативната пауза не дојде до промена на резултатите на клубот. Станковиќ е играчка легенда на Интер, бидејќи со „нераѕурите“ освои се што можеше да се освои, вклучувајќи ја и тројната круна во 2010 година. Засега нема информации дали Станковиќ уште во првиот контакт дал позитивен одговор.

ПретходноУС ОПЕН: Швјонтек и Жабер ќе играат за титулата во Њујорк
СледноБарселона го тужи Атлетико (М) и бара итно да и плати 40 милиони евра за Гризман