Нашата најдобра репрезентација на 23 и 26 овој месец во рамките на Лигата на Нации ќе одигра против Грузија на гости и со Бугарија дома. Ова се последните два меча од групата во ова натпреварување.
Па така јавноста со нертпение го очекува списокот на играчи на селекторот Благоја Милевски за овие два натпревари. Посебно ако се знае дека голем дел од оние што досега беа во репрезентацијата или се повредени, или не се стандардни, некои немаат клубови.
За ова за “Спортмедиа“ свој коментар има самиот селектор Благоја Милевски.
„Планирано е списокот со играчи на кои ќе сметам за мечевите со Грузија и Бугарија да биде објавен во среда. Секако дека има проблеми, јас не се жалам, но тие проблеми не можеме да ги игнорираме. Ќе треба да ги решаваме. Да, точно е дека Агон Елези, како што вие веќе објавивте, доби повик, а други изненадувања околу списокот не би требало да има. Сепак да почекаме да помине викендов, дури тогаш и дефинитивно ќе знаеме на што сме“ изјави за “Спортмедиа“ селекторот Милевски.