Репрезентативецот на Косово, и досегашен интернацоналец во Премиер лигата, Милот Рашица е нов член на тимот на Галатасарај.
Офанзивецот доаѓа во Истанбул како уште една опција повеќе во силниот состав на гигантот од Истанбул, со што уште повеќе се зголемуваат амбициите и апетите на клубот како на домашна сцена, така и на меѓународна.
Рашица е инаку искусен интернационалец кој настапуваше во домашниот шампионат на Косово, а потоа и во Витесе, Вердер Бремен и Норич.










