Најдобрата светска тенисерка во моментов, Полјачката Ига Швјонтек се пласираше во големото женско финале на УС Опен откако ја совлада Арина Сабаленка утрово со 3:6, 6:1, 6:4 во второто полуфинале на последниот Грен Слем турнир.
21-годишната Ига одигра слаб прв сет, но потоа го најде вистинскиот ритам и стигна до директниот меч за титулата, во кој противничка ќе и биде Онс Жабер од Тунис.
Швјонтек за првпат ќе игра финале во Њујорк, а меѓудругото стана и првата полска тенисерка која стигнала до мечот за трофејот на УС Опен.
Во второто полуфинале одиграно утрово, Жабер во два сета 6:1, 6:3 доминираше во дуелот со Французинката Гарсија и обезбеди второ финале на Грен Слем турнирите по она на Вимблдон кое го загуби од Елена Рибакина.