Брајтон назначи привремен менаџер

146

Ендрју Крофтс ќе го преземе тимот на Брајтон како привремен менаџер. Ова е одлуката на менаџментот на клубот откако Греем Потер замина да го води Челзи. На 38.годишниот Велшанец ќе му помагаат Шенон Рут, Ник Стенли, Адам Лалана и тренерот на голманите Џек Стерн. Досега, Крофтс беше на чело на тимот на Брајтон но до 21 година.

Само како потсетување, по отказот на Томас Тухел во Челзи, тимот од Лондон се одлучи за отштета од 18. милиони фунти да го доведе на чело дотогашниот менаџер на Брајтон Греем Потер. Тој потпиша договор на пет години.

ПретходноСаитоски и кажа „НЕ“ на Македонија и замина да игра за Словенија
СледноМилевски: Списокот ќе биде објавен во среда, не можеме да ги игнорираме проблемите!