Финалистите од последното ќе играат во годинешното полуфинале на СП во одбојка

169

Актуелните светски шампиони во одбојка и домаќини на годинешното Светско првенство, селекцијата на Полска, се пласираше како последен полуфиналист на Мундијалот откако синоќа во драматично четврфтфинале славеше со 3-2 (25-20, 27-25, 21-25, 22-25, 15-12) против САД во Гливице.

Иако Американците анулираа негатива од 2-0 во сетови, Полјаците успеаја да го добијат неизвесниот петти сет и да останат во игра за трета последователна светска круна.

Во полуфиналето во сабота во Катовице, Полска ќе игра против Бразил, кој претходно вчера беше подобар од Аргентина со 3-1 (25-16, 23-25, 25-22, 25-21). Тоа ќе биде реприза на последните две финалиња на светските првенства.

Во второто полуфинале ќе играат Италија и Словенија. Во средата Италија ја совлада Франција со 3-2 (24-26, 25-21, 23-25, 25-22, 15-12), додека Словенија ја победи Украина со 3-1 (18-25, 26-24, 25-19, 25-23).

ПретходноКЛ: Вест Хем со пресврт ја совлада Стеауа, Пјуник немоќен против Базел
СледноПо смртта на кралицата: Одложени сите петочни спортски натпревари во Британија