ТИМ И ИГРАЧ НА 8.КОЛО: Наумовски со роденденски блесок под Шара

397

Факт е дека Шкендија во мега – дербито со Шкупи беше подобра, го надигра шампионот, но сепак не успеа да победи. Тетовци имаа неколку шанси, зицери, но Кристијан Наумовски бранеше феноменално и тој го спаси својот Шкуши од пораз. Да, во сабота Наумовски славеше роденден, можеби и затоа имаше мотив да блеска под Шара. Затоа е играч на колото.

Струга ТЛ не знае за доста, нова, осма победа по ред, во саботата против Тиквеш. Илиески, Бојку, Шабани и Ибраими се во тимот на колото. Супер важна победа на Македонија ЃП среде Струмица, Стојкоски постигна фантастичен гол за победа, а одлични беа и Илиевски и Стоилов. Работнички ја совлада Победа и тоа благодарение на акцијата на Велкоски кој асистираше а Рушевиќ кој стрелаше. Скопје одигра реми со Брегалница, одличлен настап имаше Најдоски.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

КРИСТИЈАН НАУМОВСКИ

Тим: Шкупи

Роден: 17.09.1988

Кариера: Работнички, Динамо Букурешт, Левски Софија, Пегасус, Биркиркара, Балзан, Шкупи

ПретходноМладите тргнаа со подготовките за турнирот во Хрватска (ВИДЕО+ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноДоријан Бабунски: Мора да сме поефикасни, да го покажеме нашиот квалитет!