Моќните англиски клубови поведоа сериозна иницијатива за реформирање на ФА купот и англискиот Лига куп. „Тајмс“ пишува дека прашањето за реформите во куп натпреварувањата во Англија ќе биде разгледано утре на состанокот на клубовите од Премиер лигата. Промените во системите се дел од планот наречен „Нов договор за фудбалот“.
Премиерлигашите сакаат да го променат календарот на турнирите во Англија за да го зголемат профитот, како и да го реформираат системот на плаќање од Премиер лигата. Досегашните повторени средби во третото и четвртото коло од ФА Купот најверојатно ќе се откажат од 2024 година. Сепак, допрва треба да се добие одобрение од Фудбалската асоцијација на Англија за извршување на вакви промени. Доколку не се случат промени, клубовите застапени во европските натпреварувања сигурно нема да учествуваат во Лига купот или ако им се закануваат со казни, ќе ги праќаат своите младински тимови.