Во квалификациите за ЕП 2024 во иста група нема играат ниту Белорусија и Украина

173

Репрезентациите на Белорусија и Украина ќе бидат одвоени при ждрепката за квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2024 година. Ова го соопшти прес-службата на УЕФА.

Извршниот комитет на УЕФА на денешната седница расправаше за постапката за ждрепката за квалификациите за ЕП 2024 година. И покрај барањето да бидат исклучени, Белорусите добија дозвола да играат во квалификациите, за разлика од Русија која е отстранета од овие квалификации.

Полудиригирана ждрепка ќе биде и зарепрезентациите на Ерменија и Азербејџан, Гибралтар и Шпанија, како и Косово, Србија и Босна и Херцеговина. Ждрепката ќе се одржи во Франкфурт, Германија на 9 октомври.

ПретходноПремиерлигашите се заканија: Утре одлука за реформирање на ФА Купот и Лига купот
СледноФИА го одобри Ф1 календарот за 2023 година: Рекордни 24 трки!