Гурам Кашиа: Ќе биде тешко, Македонија е добра селекција, сепак Грузија оди на победа!

180

Во петок во Тбилиси, со почеток од 18 часот се игра натпреварот во Лигата на Нации меѓу Грузија и Македонија. Секако дека по оние скопски 0:3 за нас работата се комплицира, сепак сеуште ништо не е загубено. Тоа го знаат Грузијците и затоа со респект говорат за нашата селекција.

Гурам Кашиа, капитенот на Грузија во пресрет на овој натпревари изјави:

Македонија е добра репрезентација, со квалитетни фудбалери. Сите ние знаеме дека ќе биде тешко, но Грузија оди на победа. Играме пред своите фанови, трибините ќе бидат полни, за нас тоа е одлично, ќе имаме голема поддршка. Дефинитивно одиме на победа, Грузија сака победа“ вели Кашиа.

ПретходноСкандал во Челзи: Директорот праќал недолични пораки па доби отказ!
СледноРоналдо ги шокираше сите: Ќе играм и на ЕВРО 2024!