Роналдо ги шокираше сите: Ќе играм и на ЕВРО 2024!

123

Иако има 37 години, иако кариерата по сите параметри треба да му биде при крај, Кристијано Роналдо нема намера така брзо да се пензионира, па дури и во дресот на својата репрезентација.

Тој откри до кога има намера да игра за Португалија и со тоа ги шокираше сите.

Ќе играм на СП во Катар оваа година, но имаме намера да играм и на ЕВРО 2024 година. Се чувствувам мотивирано, сакам да бидам дел од репрезентацијата и во наредните години. Мојот пат во репрезентацијата не е готов, имаме многу млади фудбалери, но и јас ќе бидам дел од селекцијата на Португалија“ јасен беше Роналдо.

ПретходноГурам Кашиа: Ќе биде тешко, Македонија е добра селекција, сепак Грузија оди на победа!
СледноПо цена од 50 и 100 денари: Вардар ги пушти во продажба билетите за дербито со Алкалоид!