Првенец на Дитмир Хоџа во дресот на Лидс

90

Македонскиот младински репрезентативец Дитмир Хоџа го постигна својот прв гол во дресот на неговиот клуб Лидс.

Напаѓачот беше стрелец во поразот на Лидс У21 од тимот на Хартлепул на гостински терен од 3:1, во рамките од Националниот Лига Куп на Англија. Со овој пораз Лидс испадна од оваа конкуренција.

Сепак, најважно за нас е фактот што Хоца полека но сигурно влегува во ритам што се однесува до минутажата и головите во новиот клуб, и наскоро би требало да добие и статус на стартер секако.

 

ПретходноЛШ: “Кралевите“ на гости во Атина, Ливерпул во “пеколот“ во Истанбул (ФОТО)
СледноФудбалска селска македонска „романтика“….. се стемнило не доиграле, шутнал топка преку ограда, а друга немале…..