Нисколигашкиот фудбал насекаде во светот, па и кај нас секако, носел ситуации кои се косат не само со нормалното спортско, животно однесување, туку на моменти и со логика.
Нашиот мак фудбал пак никогаш и не се „срамел“ да ни овозможи комични ситуации, а од изминатиот викенд издвојуваме две.
На дуел од Третата лига, Регион 1, на дуелот од скопско Марино и Препарими од село Никиштане гостите допатувале без легитимации и потврди за лекарско. Нормално, дуелот без нив не може да почне, туку доцнел. Првичниот термин од 14:30 бил пролонгиран, за да крајот на дуелот биде во мрак. Секако, овој тип на мечеви немаат предзнак „ноќен термин“ па мечот не се доиграл зошто „прст пред око не се гледало“, во 75. минута.
Одиме ганг подолу во Четвртата лига и во село Шишево, исто така скопско. Домаќинот го пречекал тимот на Олимпик, а при резултато 0:2, еден од домашните играчи ја упатува топката преку границите на игралиштетот. Во тој момент се испоставува, дека домаќинот има само една топка, дека втора не е обезбедена, па по петнаесетина минути чекање, и изговор дека истата е пронајдена, и се пумпа, еден од домашните играчи напушта терен по што останатите го следат. Мечот не продолжува.










