Француската легенда знае каде доаѓа: Луксембург ќе бара чудо против Македонија!

0
Фото:facebook.com/flh.lu

Луксембург е првата пречка на македонската ракометна репрезентација на патот кон Европското првенство 2028 година, кое ќе се одржи во три земји: Португалија, Шпанија и Швајцарија.

Натпреварот против оваа репрезентација го играме денеска (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“, а противникот е голем аутсајдер, бидејќи не само што нема ниту една победа против Македонија во шесте меѓусебни дуели, туку за третпат во својата историја е дел од втората фаза од квалификациите.

На клупата на Луксембург е француската легенда Дидие Динар, кој е свесен дека неговата селекција е најголемиот аутсајдер во овие квалификации и дека ќе ѝ биде потребно чудо против Македонија и останатите селекции од нашата група (Грција и Шведска).

„Моите очекувања од натпреварот против Македонија се, пред сè, да се придржуваме до планот за игра на кој работевме во текот на подготовките и да го дадеме најдоброто од себе, особено ако се има предвид дека тимот не бил заедно цела година. Сега е важно да го изградиме нашиот тимски идентитет, да извлечеме поуки од ова искуство и да продолжиме напред кон нашите краткорочни, среднорочни и долгорочни цели“, изјави Динар, чија селекција ќе остане во Скопје до петок, по што ќе замине за Шведска.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ДАРКО ИВАНОВСКИ ОД КРАТОВО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 1.265.797 ДЕНАРИ