Македонската ракометна репрезентација вечерва (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ започнува нов квалификациски циклус за пласман на големо натпреварување, овој пат за Европското првенство 2028 година. Селекторот Кирил Лазаров и неговите избраници за противници ги имаат Луксембург, Грција и Шведска.
Првата пречка е Луксембург, а Македонија во овој дуел влегува како голем фаворит. Традицијата е на страната на нашата селекција, која ги добила сите шест досегашни меѓусебни натпревари.
Последен пат Македонија славеше против Луксембург во 2023 година, кога на гостински терен победи со 23:28 (12:14).
Пред почетокот на натпреварот ви издвојуваме неколку интересни факти:
• Македонија го брка деветтиот последователен и вкупно десетти настап на завршен турнир на Европско првенство.
• Петтото место освоено на ЕП 2012 година и понатаму е најдобриот пласман на Македонија на континенталните шампионати.
• Македонија ги добила сите шест досегашни меѓусебни натпревари против Луксембург. Победата од 28:23 во последната средба во 2023 година беше најтесна.
• Луксембург досега никогаш не настапил на завршен турнир на Европско првенство. За оваа селекција ова е трет настап во втората фаза од квалификациите.
Во рамките на оваа ЕХФ-недела, Македонија ќе одигра уште еден натпревар, против Грција, но на гостински терен. Средбата е закажана за 8 ноември 2026 година.










