Како што информираат од страна на шампионот, од денеска РК Вардар ги пушта во продажба билетите за големото ракометно дерби со Алкалоид кое е закажано за в сабота со почеток од 18.30 часот во салата СРЦ “Јане Сандански“. Тоа ќе биде натпревар од 4.коло во Суперлигата на Македонија.
Билетите ќе се продаваат онлајн и тоа преку продажната мрежа на МК Тикетс и ќе чинат по 50 и 100 денари, но и уште на неколку места во Скопје и Македонија. Цената е популарна, со цел да ова дерби биде проследено од голем број ракометни фанови.