По цена од 50 и 100 денари: Вардар ги пушти во продажба билетите за дербито со Алкалоид!

261

Како што информираат од страна на шампионот, од денеска РК Вардар ги пушта во продажба билетите за големото ракометно дерби со Алкалоид кое е закажано за в сабота со почеток од 18.30 часот во салата СРЦ “Јане Сандански“. Тоа ќе биде натпревар од 4.коло во Суперлигата на Македонија.

Билетите ќе се продаваат онлајн и тоа преку продажната мрежа на МК Тикетс и ќе чинат по 50 и 100 денари, но и уште на неколку места во Скопје и Македонија. Цената е популарна, со цел да ова дерби биде проследено од голем број ракометни фанови.

ПретходноРоналдо ги шокираше сите: Ќе играм и на ЕВРО 2024!
СледноЃоковиќ дојде да го испрати Федерер во пензија: Оваа шанса еднаш се пружа (ФОТО)