Што и треба на Македонија за да заврши прва во групата!?

2229

Вечрва од 18 часот во Тбилиси нашата најдобра репрезентација и гостува на Грузија во меч од 5.коло во Лигата на Нации во сегментот Ц во групата 4.

По изминатите четири кола Македонија се наоѓа на второто место на табелата со 7 бодови, додека прва е Грузија со 10. Секако дека има уште шанси во преостанатите две кола момците на селекторот Благоја Милевски да ја престигнат Грузија. Ќе биде тешко, тоа е јасно, но не и невозможно. Првото место во групата носи и дополнителни бараж натпревари за пласман на ЕВРО 2024, и тоа е одлична работа.

Но ајде сега ние да ги разгледаме опциите кои нас би ни одговарале.

Има неколку, но некако најјасни се две. Да се потсетиме дека покрај овој меч, во понеделник играме со Бугарија во Скопје.

ОПЦИЈА-1:

-Ако сакаме ние самите да си решаваме за нашата судбина, тогаш Македонија вечерва треба да ја победи Грузија со четири голови. И со тоа да го надомести оној пораз од Скопје со 0:3. Тогаш во последното коло влегуваме како први на табелата. Се знае дека според правилата на УЕФА, две репрезентации ако имаат ист број бодови тогаш ќе решава меѓусебниот скор. Јасно е дека во понеделник ќе ни треба победа над Бугарија, а Грузија може на Гибралтар да победи и со 10 голови разлика ако сака, тоа нас ништо нема да ни менува.

ОПЦИЈА-2:

-Оваа опција е помалку посакувана зошто ние самите не си решаваме. Имено ако ја победиме Грузија вечерва со помалку од 3-4 голови разлика, тогаш во последното коло потребна е наша победа над Бугарија, но тогаш Гибралтар ќе треба да игра за нас, односно Грузија не смее да победи.

Секако, ако вечерва не славиме триумф, ако Грузија победи или одигра нерешено со нас тогаш и дефинитивно ние ги губиме сите шанси за првото место.

ДВОЈКИ ЗА 5. И 6. КОЛО ВО ГРУПАТА 4

ВЕЧЕРВА

ГРУЗИЈА – МАКЕДОНИЈА (18:00 Ч)

БУГАРИЈА – ГИБРАЛТАР (20:45 Ч)

ПОНЕДЕЛНИК

МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА (20:45 Ч)

ГИБРАЛТАР – ГРУЗИЈА (20:45 Ч)

ТАБЕЛА

1.ГРУЗИЈА 4 3 1 0 12:2 10

2.МАКЕДОНИЈА 4 2 1 1 7:4 7

3.БУГАРИЈА 4 0 3 1 4:7 3

4.ГИБРАЛТАР 4 0 1 3 1

ПретходноМурињо стана рапер! (ВИДЕО)
СледноШвајцарија со апел до своите фудбалери да не “летаат“ двоглави орли на СП во Катар!