Алекс е херој кој не заслужи да биде принудно сменет

2642

Пораз, химни, Бугарија, свирежи и навреди… Тешко падна поразот од лошиот „сосед“ за сите во Македонија, посебно во овие турбилентни години кога тие нас ни маваат вето, ни оспоруваат историја но и во време кога ние за нив бевме Бразил во фудбал. Ние имавме ЕП, победи над Германија, Италија а тие беа на дното и подоилу од таму…
И кога очекувавме да ги „згазиме“ ни се случи пораз! Тешко приземјување за сите кои се во и околу фудбалот и за сите чии што срца бијат за националниот тим. Оној тим кој пред само неколку месеци ја сруши Италија, се бореше машки со Португалија и беше на чекор на СП.

Неколку месеци потоа тажна слика… Најтажна онаа во 22 минута. Максимално исполнет стадион (околу 20.000 лица), толку и билети беа пуштени. Црвен картон за Тодор Тодоровски и замена принудна. Очекувано е тоа кога играч од одбраната добива исклучување да се повлече некој од нападот. Фокусот беше на Ристовски или Миовски но се случи Александар Трајковски. Не заслужи херојот од Палермо вакво нешто. И неговата реакција по одлуката на Милевски беше зачудувачка, бареше одговори со поглед но не ги доби. Си замина на клупата а оние кои се светлосни години зад него по искуство и минат друд останаа на терен. Времето и текот на мечот покажа дека тоа беше погрешно. Миовски и Ристовски (само еден добар удар од далечина), не донесоа спас за нашиот напад кој е во тежок пост.

Александар Трајковски со своето знаење, минат друд и квалитет мораше да остане! Затоа што ја напиша историјата во Палермо. Берм поради тоа! И во март и сега тој истиот Трајковски игра во Саудиска Арабија. Тој е фудбалер а момент, на миг, на потег… Таков ни требаше токму за дуел како со Бугарија но ете мораше да замине на клупата како плод на црвениот картон на Тодоровски.

За квалификациите ни требаат играчи, играчишта а не експерименти. Таму ќе ни требаат и играчи како Трајковски и играчи кои имаат знаење да даваат голови па макар имаат сила и за 20 минути. Обединување ќе ни треба!

ПретходноПознато е зошто пропадна трансферот на Роналдо во С.Арабија: Парите не беа проблем!
СледноНорвежаните не попуштаат: Норман не смее повеќе да игра за репрезентацијата