Поранешниот шкотски фудбалер Гавин Стоукс (30), „автор“ на еден од најбрзите голови во историјата на фудбалот загинал во сообраќајна несреќа во Глазгов, пренесуваат шкотските медиуми.
Стоукс изгубил контрола над своето возило „Мерцедес ГЛЦ“ излетал од патот и починал на лице место, изјавија од полицијата.
Стоукс играл за многу шкотски клубови меѓу кои Данди Јунајтед, потоа играл за нисколигашите Алоа, Ирвин Медоу, Килбирни, Мерихил џуниорс, а последниот клуб му бил Калединијан Брејвс во 2019 година, а играл и за младинската репрезентација на Шкотска (У17).
Во дресот на Мерихил во 2017 година постигнал гол по само две секунди. Тој погоди веднаш по изведување на почетниот удар од центарот на теренот.
Everyone at Dundee United is devastated to learn of the passing of Gavin Stokes, our former youth player and ex-Scotland U17 cap. Our thoughts are with Gavin’s family and friends at this incredibly difficult time. pic.twitter.com/SilMw9pC6p
— Dundee United FC (@dundeeunitedfc) October 9, 2022