Баерн без Мусиала во 4. коло од Лигата на шампионите

61

Офанзивниот играч за врска на Баерн Минхен, младиот Џамал ​​Мусиала е позитивен на коронавирус, соопшти клубот. 19-годишниот офанзивен играч за врска е изолиран дома и сигурно ќе го пропушти дуелот од 4-тото коло од групната фаза во Лигата на шампионите во среда со Викторија Плзен.

Сепак, постои можност Мусиала да се врати за неделниот натпревар од Бундеслигата против Фрајбург, доколку во петок даде негативен тест.

ПретходноПетровиќ: Партизан шутираше страшно за три поени, ние почнавме во грч!
СледноКатарците од ПСЖ ја купуваат и португалска Брага