Благоја Милевски: Мечот со С. Арабија ќе биде шанса да го видиме потенцијалот на играчите од ПМФЛ!

256

Предмалку селекторот Благоја Милевски го објави списокот на играчи на кои ќе смета за пријателската средба со С. Арабија во Абу Даби на 22 октомври.

На него претежно се играчи од домашниот шампионат, а за тоа што може да се очекува од оваа контрола, нашиот селектор истакна:

Ни претстои силен контролен натпревар против Саудиска Арабија, репрезентација која е во фаза на последни подготовки за Светското првенство. Ова ќе биде одлична можност за повиканите фудбалери на терен да се соочат со квалитетен противник, а ние како стручен штаб, реално да го видиме потенцијалот и квалитетот на фудбалерите кои сметаме дека се во најдобра форма во моментот во нашата лига“.

Инаку тој имал намера да повика уште некој, но поради фактот дека терминот не е на ФИФА, клубовите не ги пуштиле играчите.

Нашата намера беше да ги повикаме и Мартин Мирчевски (ТСЦ, Србија), Марко Симоновски (Дрита, Косово), Сефер Емини (Сондерјиске, Данска), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка) и голманот Беким Реџепи (Партизани Тирана, Албанија), но дел од нив не добија дозвола од своите клубови бидејќи натпреварот ќе се одигра надвор од ФИФА термин за пријателски мечеви, а некои се опоравуваат од повреда. Со нас ќе биде Дарко Велковски на кого му требаат натпревари за да влезе во права натпреварувачка форма, а шанса ќе добијат и Мартин Стојанов и Кристијан Тошевски. Се надеваме дека сите повикани фудаблери ќе одиграат максимално сериозно и ќе остават позитивен впечаток“ заклучи Милевски.

ПретходноМилевски го објави списокот на играчи за дуелот со С. Арабија, на него има тројца од Струга ТЛ!
СледноПоради срцеви проблеми: Фудбалер на Брајтон на 24 години ќе мора да се пензионира! (ФОТО)