Раководството на Штутгарт очекувано му врачи отказ на тренерот Пелегрино Матрацо поради незадоволителни резултати. Во неделата тимот изгуби со 0:1 од лидерот во Бундес Унион Берлин и со тоа остана единствен без победа со што е на последното место на табелата.
Претседателот Александер Верле, спортскиот директор Свен Мислинтат и новиот советник на клубот, екс-играчот на оваа екипа Сами Кедира донесоа одлука да го сменат Матарацо и покрај тоа што успеа да го врати во Бундес лигата.
Матарацо го превзема Штутгарт во јануари 2020 година во Втората Бундеслига и го врати назад во елитата. Во следните две сезони „швабите“ завршуваа на 9. односно на 15. место. Во оваа 2022 година севкупно тој забележа три победи, а ниту една од стартот на сезоната.
Засега не е познато кој би можел да го наследи американскиот стратег.










